New Business Education - Ново образование за бизнис

A+ R A-

Programmatic Areas

E-mail Print PDF

1. Entrepreneurship Promotion and Business Development

 

In addition to offering formal academic curricula in business and management, NBE has been active in directly promoting entrepreneurship and helping the growthof young enterprises. For this purpose, NBE has been engaged in direct cooperation with and providing expertise to organizations working with entrepreneurship and business development, such as business incubators, business development centers, as well as youth entrepreneurship promotion organizations. NBE has been providing technical assistance to a large number of organizations; it has been working with business development NGOs to strengthen their capacity in selected areas; it has taken part in entrepreneurship and business development related research and policy work, as well as acted as a training provider to young entrepreneurs, business startups, and young companies. NBE has a strong network of partners from the business development community, government agencies in charge of business promotion, as well as the business sector in the country.

As a foundation that seeks to promote entrepreneurial spirit NBE aims at being competitive in its academic and service fields, and encourages entrepreneurship initiative and competence building. Through entrepreneurship education such as training, workshops and other courses related to business startups, NBE is directly involved in reducing unemployment and encouraging development, financing of new businesses and employment of young people in Macedonia.

NBE has contributed to IBF’s introduction of IBC (Integrated Business Curriculum) course for its undergraduate students. This provides a unique opportunity for young students through running a semi – virtual company to experience the importance, the drive, and the problems real managers and entrepreneurs face every day.



 

2. Local and Regional Development

 

In the context of globalization, the contest to attract and retain mobile capital and labor has led to suggestions that localities and regions are now in direct competition with each other. The existence of such territorial competition has focused attention on the competiveness of local and regional economies as institutions try to provide the conditions that will attract and embed investment. In the field of local and regional economic development, Macedonia aspires to achieve sustainable development and capacity building of institutions at regional and local level to integrate and access the EU and NATO.

Local economic development (LED) became a new competence for municipalities in the country with the process of decentralization and the new legislation on local-self government passed in 2002. Decentralization is a key topic in the Western Balkan Countries in light of the enlargement perspective and the multilevel institutional architecture adopted in many European Countries for the management of structural funds. All municipalities in the country have created LED departments which are charged with the task of promoting economic development at local level. These new bodies are still young and face many challenges in reaching full operational capacity and building strong and coherent programmatic strategies. In general, work in the area of local development is still an uncharted territory for the many actors involved. The NBE has been engaged in direct cooperation with LED departments and other local development actors in Macedonia, with the aim of enhancing their understanding of the theoretical underpinnings as well as programmatic challenges in local development work.

Regional development has become an area of strong priority in recent years, especially in connection to the process of Macedonia’s EU integration. The government has established 8 administrative regions; the parliament has passed a Law on Balanced Regional Development in 2007; a National Strategy on Regional Development has been adopted in 2009; new Centers for Regional Development have been created in the 8 regions, as foreseen by the 2007 law. The capacity building of the bodies responsible for Regional Development remains a challenge for the period to come.

The NBE Foundation places the emphasis on the education of the general public for developing environmental awareness and promotes the idea of sustainable development and regional and local integration under the EU standards, Macedonia being a candidate country. In this way NBE aims to draw public attention on the neglected and underdeveloped sectors of agribusiness and tourism by showing that such activities can be profitable, lucrative and can reduce unemployment. NBE participated in establishing a collaboration between policymakers and the other stakeholders from different regions thus accelerating the EU integration process for Macedonia. NBE and IBF aim to establish new modular multiple studies and training courses for all generations in the field of sustainable agriculture, forestry and rural development, and sustainable tourism and rural development. In the field of Regional and Local development NBE offers: training courses, summer schools, seminars, provision of technical assistance, policy work, preparation of project proposals for EU fund and so forth.



 

3. Energy Efficiency

Energy efficiency means providing the same service with the usage of less energy. While the demand for energy is constantly increasing, scarcity of energy – producing elements is a rising problem. Energy efficiency offers a powerful and cost-effective tool for achieving sustainable growth.

Reducing energy consumption and eliminating energy wastage are among the main goals of the European Union (EU). At the end of 2006, the EU pledged to cut its annual consumption of primary energy by 20% by 2020.

New Business Education (NBE) is an active promoter of energy efficiency in Republic of Macedonia. The main goal is to support the public and the private sector on the path of sustainability, and to provide help to the citizens in a joined effort to comply with the rules set by the EU.

NBE has participated in numerous trainings, and roundtables in order to introduce the attendants to the basic concept of energy efficiency, pointing out that it is not only a rule that has to be implemented, but it is a step forward for a better future for the younger generations. NBE has organized workshops, in many regions in Macedonia with the goal of recognizing the energy potential each region possesses, and the capabilities and necessary funds needed to implement the projects. It has introduced its clients with a number of project proposal opportunities that offer excellent terms. Furthermore, NBE provides technical support to its clients in a form of preparing feasibility studies, consultancy services, plan of activities etc. Through the feasibility studies, the support of educational activities, and the offer for technical assistance, New Business Foundation not only encourages energy efficiency promotion, but also transfers this knowledge on the field, where it participates in the completion of numerous public projects, with the vision of not only providing better conditions for the young generations, but also improving the living standard. The activity plans, that are created for the clients offer a clear process that need to be followed in order to achieve greater energy efficiency, and sustainability on the long run.

NBE’s vision is a futuristic one. Creating a better world for everyone is the main goal the organization is striving for. Energy efficiency is the clear way forward in this direction, so it is one of the main programmatic areas of this organization.

 

 

 

1. Промовирање на претприемништвото и бизнис развојот

Фондацијата Ново образование за бизнис (НБЕ) освен обезбедување на формално образование во областа на претприемништвото на академско ниво активна е и во директно промовирање на претпримништвото и помагање на развојот на младите претприемачи. За таа цел НБЕ има директна соработка и обезбедува експертиза на организациите кои се занимаваат со претприемништво и бизнис развој, како што се бизнис инкубатори, центри за развој на бизнисот и организации за промоција на претприемништвото кај младите. Покрај наброените активности НБЕ обезбедува помош при изработка на проекти, студии и планови на активности на бројни организации, соработува со многу невладини организации со цел да им помогне во зајакнувањето на капацитетите во одредени области, учествува во истражувачки програми и креирање политики  за развој на претприемништвото и бизнисот, но се јавува и во улога на обучувач на младите претприемачи, бизнис “start-up”, и новоформирани  компании. Во таа насока фондацијата Ново образование за бизнис има воспоставено мрежа на соработка со партнери од бизнис заедницата, владини агенции кои се одговорни за промоција на бизнисот како и бизнис секторот во државата.

Како фондација кој се занимава со промоција на претприемничкиот дух  НБЕ е насочена кон конкурентност во областите на образованието и охрабрување на претприемничките иницијативи и јакнење на капацитетите. Преку претприемничко образование како што се обуките, работилниците и други курсеви поврзани со бизнис “start-ups”, НБЕ е директно инволвирана во намалување на невработеноста, финансирање на нови бизниси и вработување на младите во Македонија.

Многу значаен е придонесот на фондацијата во воведувањето на наставната програма за  интегриран бизнис пристап (ИБП) за додипломските студии на Факултетот за бизнис економија. Преку оваа наставна програма со креирање семи-виртуелна компанија младите студенти имаат единствена можност практично да ја искусат важноста, движечката сила и проблемите со кои секојдневно се среќаваат претприемачите.

 

 

2. Локален и регионален бизнис развој

Несомнено е дека глобализацијата и обидите да се привлече и одржи капиталот и работната сила предизвикаа континуиран натпревар меѓу локалните области и регионите. Постоењето на ваква територијална конкурентност и напорите на институциите да обезбедат услови за привлекување на инвестиции се повеќе го насочуваат вниманието кон компетитивност на локалните и регионалните економии. Во тој поглед и Македонија се повеќе се стреми кон постигнување на одржлив развој и јакнење на капацитетот на институциите на регионално и локално ниво со единствена цел да се интегрира и пристапи кон Европската унија и НАТО.

Локален економски развој (ЛЕР). Преку процесот на децентрализација и новите легислативи на локалната самоуправа во 2002 година локалниот економски развој стана нова надлежност за општините во државата. Во  насока на проширување на институционалната рамка како тренд прифатен во многу европски земји децентрализацијата е клучна тема во земјите на Западен Балкан. Сите општини во земјата веќе имаат ЛЕР оддели кои се задолжени за промовирање на економскиот развој на локално ниво. Меѓутоа, искуството на овие нови оддели во областа е сеуште мало и истите се соочуваат со многу предизвици при постигнувањето на оперативниот капацитет и креирањето јаки и кохерентни програмски стратегии. Генерално, работењето во областа на локалниот развој е релативно ново поле за многуте вклучени страни. Со цел да се зајакнат теоретските сознанија како и поттикнат програмските предизвици во локалниот развој нашата фондација има воспоставено директна соработка со ЛЕР одделите и другите сектори кои се веќе вклучени во локалниот развој во Македонија.

Регионален развој. Во последните неколку години регионалниот развој стана област со висок приоритет особено кога станува збор за интеграцијата на Македонија во ЕУ. Во таа насока парламентот ги усвои Законот за регионален развој   во 2007 год. и Националната стратегија за регионален развој во 2009 год. додека пак Владата на РМ воспостави 8 административни региони во кои се создадени 8 нови центри за регионален развој како што е и предвидено со законот од  2007 год. И понатаму градењето на капацитетите на телата одговорни за регионален развој е актуелно и останува голем предизвик во областа.

Во рамките на регионалниот развој фондацијата Ново образование за бизнис фокусот го става на едукација на јавноста, зголемување на свесноста за околината и промоција на идејата за одржлив развој и регионална и локална интеграција според европските стандарди.  На ваков начин НБЕ цели кон привлекување на вниманието на јавноста кон запоставените и недоволно развиените сектори на земјоделството и туризмот покажувајќи дека и ваквите активности можат да бидат профитабилни и да ја намалат стапката на невработеност во земјата. Улогата на НБЕ при воспоставувањето соработка меѓу креаторите на политики и останатите заинтересирани страни од различни региони, забрзувајќи ги на тој начин процесите за интеграција на Македонија во ЕУ, е повеќе од значајна. Обезбедувањето на одржливост во повеќе сектори (земјоделство, шуми, туризам и рурален развој) преку различните мултидисциплинарни студии и тренинг курсеви за сите возрасти сметаме дека се повеќе од неопходни и се во фокусот на програмските определби на фондацијата. Сето тоа НБЕ го овозможува преку бројните  обуки, летни школи, семинари како и подготовка на предлог проекти за европските фондови.

 

3. Енергетска ефикасност

Во време кога побарувачката на енергија е во постојан пораст недостатокот од производство на енергија претставува голем глобален проблем. Енергетската ефикасност, во тој поглед, претставува моќна алатка за постигнување одржлив раст и развој при многу помали трошоци.

Намалувањето на искористување на енергија и елиминирањето на неефикасното користење на енергија се вбројуваат меѓу едни од поважните приоритети на Европската унија која во 2006 година се обврза дека до 2020 година годишната потрошувачка на енергија од примарни извори  ќе ја намали за 20%.

На патот кон постигнување одржливост НБЕ активно ја промовира енергетската ефикасност во Република Македонија преку обезбедување поддршка на јавниот и приватниот сектор како и обезбедување помош на граѓаните во заедничките напори за усогласување со правилата поставени од ЕУ.

Од тие причини НБЕ активно учествуваше на повеќе обуки и округли маси каде учесниците беа запознаени со основните начела на енергетската ефикасност и беше истакнато дека енергетската ефикасност не е само правило кое треба да се имплементира туку и движење еден чекор понапред кон подобра иднина на младите генерации. За таа цел фондацијата има организирано работилници во повеќе региони на Македонија на кои акцентот е ставен на подетално разгледување на енергетскиот потенцијал на секој регион но истотака посветено е и внимание кон можностите  и фондовите неопходни за имплементација на проектите од областа на енергетска ефикасност и оджлив развој. Земајќи го во предвид искуството на своите експертите фондацијата овозможува поддршка на клиентите во однос на подготовка на физибилити студии, консултантски услуги, планови на активности и сл. преку кои не само што ги промовира и охрабрува иницијативите за енергетска ефикасност, туку и го пренесува знаењето од областа. Забележливо и препознатливо е учеството на НБЕ на бројни проекти од јавен интерес преку кои ја остваруваме нашата визија како за обезбедување на подобри услови за помладите генерации така и за воопшто за подобрување на животниот стандард и свет подобар за сите. Плановите на активност, пак, кои се прават за потребите на клиентите понудуваат “почист” процес кој треба да се следи со цел да се постигне поголема енергетска ефикасност и одржливост на долг рок. Во таа насока, и енергетската ефикасност како еден од начините за постигнување одржливост е дел од главните програмски определби на фондацијата Ново образование за бизнис.