New Business Education - Ново образование за бизнис

A+ R A-

Обука на тема: Предизвици и можности за јакнење на женското претприемништво

E-mail Print PDF

3-2.png

Фондацијата Ново образование за бизнис од Скопје одржа обука на тема: Предизвици и можности за јакнење на женското претприемништво. Работилницата беше наменета за женската популација и овозможи учесничките да се стекнат со лични искуства за функционирање на женското претприемништво. Преку интерактивен пристап и отворени дискусии, жените учеснички требаше да ја разберат улогата што ја игра жената во деловниот свет, а истовремено да бидат инспирирани за подобрување на своите перспективи.

Презентери на обуката беа наставниот кадар од Факултетот за бизнис економија и Институтот за бизнис економија Скопје, проф. д-р Жанина Кировска и м-р Мартин Киселички.

Обуката е дел од Проектот за соработка помеѓу Фондацијата Ново образование за бизнис Скопје и општината Гази Баба.