New Business Education - Ново образование за бизнис

A+ R A-

Повик за учество на обука за пишување на предлог проекти (во месец декември)

E-mail Print PDF


Почитувани,

Како резултат на големиот интерес за првата обука на тема „Подготовка на предлог проекти (Project proposal writing)" која се спроведе на почеток на ноември, ФБЕ во соработка со ГИЗ организира втора обука на истата тема.

Ве покануваме да земете учество во обуката на тема „Подготовка на предлог проекти (Project proposal writing)" која ќе се спроведе на 04 и 05 декември 2012-та година во Скопје, во просториите на Факултетот за бизнис економија (ФБЕ) – Скопје.

Обуката е наменета за претставници на Центрите за регионален развој, ЛЕР канцелариите од општините, локални/регионални организации кои работат на поддршка на бизнис секторот, како и невладини организации кои работат на полето на регионален развој.

Програмата на оваа дводневна обука ќе им овозможи на нејзините учесници да ги подобрат своите знаења за начин на следење на повици за проекти; подготовка за пишување на предлог проекти; анализа и дефинирање на проблеми, цели и заинтересирани страни; оправданост за реализација на проект; подготовка на проектни активности; подготовка на временска рамка; дефинирање на резултати и аутпути; подготовка на буџет; поднесување на апликација; евалуација на проекти.

Обуката ќе биде спроведена од страна на ФБЕ (www.fbe.edu.mk), а со финансиска поддршка од GIZ. Котизацијата за учество изнесува 800 денари по учесник, а во цената се вклучени дводневна обука (по 6 часа на ден), материјали за обуката, кафе, вода и закуска.

Рокот за пријавување е 26.11.2012 година. Бројот на учесници е ограничен!

На следниов линк можете да погледнете куса информација за програмата. За дополнителни информации обратете ни се на контактите во документот во прилог или на контакт имејлот на нашата интернет страница.

Срдечен поздрав,
Фондација Ново Образование за Бизнис